Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ќе го преземе бразилскиот фудбалски тим на крајот од актуелната сезона. Така пишуваше неофицијалната вест која по некое време почна да се зема „здраво за готово“, но изгледа дека работите не се толку едноставни како што изгледаа во првиот момент.
Факт е дека договорот на искусниот италијански стручњак со Реал Мадрид истекува во јуни 2024 година, а не е спорно дека Бразилскиот фудбалски сојуз навистина го посакува на клупата на својот сениорски тим.
Иако првиот човек на бразилската федерација, Едналдо Родригез, првично изјави дека доаѓањето на Карло Анчелоти е сигурно, тоа го демантираа оние околу италијанскиот селектор. Реал Мадрид, пак, не се огласи за евентуално продолжување на соработката, а се очекува такво нешто да се случи дури кога ќе се види какви ќе бидат резултатите оваа сезона. Во исто време, неговиот поранешен играч Чаби Алонсо, кој одлично си ја врши работата во Баер Леверкузен, во последно време се почесто се поврзува со клупата на Реал Мадрид.
Според извештајот на порталот Kope, оваа сезона треба да му биде последна во Реал Мадрид, додека Бразилскиот фудбалски сојуз наводно му одредил неофицијален рок на Карло Анчелоти до кој треба да се изјасни за преземање на националниот тим во јуни следната година.
Неговиот одговор наводно се очекува до 31. декември.