Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти следната среда ќе оди на суд поради наводно непријавување на приходите до шпанските даночни власти!
Имено, мадридското државно обвинителство го обвинува Италијанецот дека во 2014 и 2015 година ја чинел шпанската каса повеќе од милион евра непријавена заработка од имиџ права.
Анчелоти призна дека платил недоволен износ на данок во 2014 година како резултат на грешка на неговите сметководители, додека за 2015 година негираше какво било кривично дело бидејќи не поминал минимум 183 дена во земјата.
Шпанското обвинителство бара затворска казна од четири години и девет месеци доколку биде прогласен за виновен.
Судењето ќе започне во среда и се очекува да трае два дена, изјави портпаролот на судот.
Само еден ден по судењето, Анчелоти се соочува со реванш полуфиналниот натпревар од Купот на Кралот против Реал Сосиедад.