Карло Анчелоти јавно ја поддржа Суперлигата: “Многу важна работа за клубовите! Една работа повеќе нема да биде!“

Карло Анчелоти е првиот тренер со светско педигре кој отворено ја поддржа пресудата на Судот на Европската унија за фудбалската Суперлига.

По тесната победа против Алавес, тренерот на Реал Мадрид и единствениот освојувач на титулата во петте најмоќни лиги во Европа изјави дека одлуката е „значајна за фудбалот“ и за сите клубови.

Факт е дека повеќе нема да има монополи, што го сметам за позитивно. Дополнително, ќе се поправа меѓународниот календар, во тој случај сите се победници“, вели Карло Анчелоти.

Карло Анчелоти признава дека се уште не е запознаен со сите детали и формат на натпреварувањето, но е задоволен што се наѕираат тектонски промени во клупскиот фудбал.

Само врз основа на судската одлука мислам дека фудбалот ќе доживее позитивно поместување“, заклучи стратегот на „Кралскиот клуб“.

За потсетување, Судот на ЕУ одлучи дека УЕФА нема право да ги санкционира клубовите кои сакаат нов формат на натпреварување, независен од чадор фудбалски организации. Врз основа на ваквата одлука, Суперлигата навистина би можела да биде лансирана, а веднаш во четврток беше објавен нов предлог за форматот на натпреварувањето.

Така, во Суперлигата би учествувале 64 екипи поделени во три нивоа наречени Ѕвезда, Злато и Сребро. Секоја сезона екипите би можеле да испаѓаат од одредено ниво или да напредуваат на повисоко, а пласманот во најниското ниво би зависел од пласманот во домашните лиги.

Карло АнчелотиРеал Мадридфудбал