– Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс и репрезентативец на САД, Кармело Ентони и официјално стана амбасадор на Светското првенство 2023 година.
Триесет и осумгодишниот Американец им се придружи на Пау Гасол и Луис Скола.
– Со нетрпение очекувам да ги поддржам сите играчи на Светското првенство оваа година во славењето на нашиот спорт на глобално ниво, рече Ентони.
Светското првенство 2023 година ќе се одржи од 25 август до 10 септември на Филипините, Јапонија и Индонезија. На него ќе учествуваат 32 екипи.
Извлекувањето на групите за кошаркарскиот Мундијал ќе се одржи на 29 април во Манила.