Популарната поп пејачка Каролина Гочева (44) заминува на турнеја во Германија и ќе одржи шест концерти во поголемите германски градови.
Првиот концерт е закажан на 23-ти ноември во Штутгарт, потоа на 25-ти ноември ќе гостува во Нирнберг, на 29-ти ноември во Диселдорф, на први декември во Мајнц, на 13-ти декември во Хамбург, и последниот концерт е закажан на 16-ти декември во Берлин.
Турнејата е насловена ,,Best of” и е во организација на Авалон и Legacy Event.
Како што е појаснето во најавата за концертите, Каролина ќе се претставела во живо со својот бенд и со 120 минутна „best of“ програма.
-Станува збор за турнеја во еминентни сали и концертни простори во кои имаат настапувано многу интернационални и германски артисти, информираат од Авалон Продукција.
-Се гледаме во Германија! Со големо задоволство и полно срце ви најавувам дека турнејата која ја започнавме оваа година на 1-ви март, со мојот бенд ја продолжуваме во Германија, со 6 концерти во 6 различни града, објави Гочева на својот профил.
Изминатиот период таа настапи во повеќе градови во земјава.
Влезниците за концертите во Германија се пуштени во продажба по цена од 39 евра.