Советот на општина Тетово на денешната 43. седница го изгласа буџетот за 2025 година, кој ќе изнесува 49,3 милиони евра.
Буџетот го изгласаа 27 од вкупно 31 советник и пред гласањето ниту еден од советниците не излезе да расправа за оваа точка од дневниот ред.
Градоначалникот на општина Тетово Билал Касами беше прашан дали ќе се одвојат буџетски средства за здружението на граѓани кое бара формирање на Албанската академија на науките и уметностите.
Тој рече дека стојат на таа заложба, но не се работи за буџетот што е одобрен.
„Што се однесува до Албанската академија, извесно е дека ние како Општина Тетово, согласно преземените обврски, ќе останеме до неа и ќе продолжиме да бидеме во договор со нив за тоа како ќе се реализира. Значи, не се работи за буџетот што беше изгласан денеска. Реков значи дека се работи за поддршка која веќе ја договоривме и ќе видиме како ќе се реализира“, рече Касами.