Касами: Не го исклучивме Таравари, тој сам си замина и отиде во ДУИ

Лидерот на Беса и градоначалник на Тетово, Билал Касами, негира дека крилото на Алијансата за Албанците на Арбен Таравар е „исклучено“ од коалицијата „ВЛЕН“. Синоќа, за време на неговото гостување на телевизија „21“, тој рече дека „самиот Таравари ја напуштил коалицијата и се приклучил на ДУИ“.

„Секој што оди во ДУИ, да соработува со ДУИ, излегува од кај нас“, рече Касами.

На прашањето да разјасни дали Таравари доброволно ја напуштил коалицијата или бил „исклучен“, Касами повтори дека самиот одлучил да го напушти „ВЛЕН“.

„Не, тој излезе. Тој (Арбен Таравари) излезе сам. Да оди кај Али Ахмети и ДУИ. Мора да си одиш од тука ако сакаш да одиш таму. Тој го прифати тоа (дека преговара со ДУИ). Тој го прифати тоа…и свесно го направи тоа“, изјави Касами.