Се очекува денеска да се сретнат лидерите на ВЛЕН, по што се очекува да бидат назначени работните групи за разговори за членство во владата.
Билал Касами од ВЛЕН вели дека следната недела се очекува да почнат разговорите за формирање на новата влада. Запрашан дали тој лично ќе преземе функција во извршната власт, Касами рече дека ќе продолжи со работата како градоначалник на општина Тетово.
„Во текот на оваа недела ќе треба да ги имаме подготвени работните групи, а доколку не, за викендот најверојатно од понеделник може да започне официјализирањето на средбите и координацијата на активностите околу формирањето на владата. Секако, кадровските прашања ќе дојдат да се разговара во втората фаза од разговорите, што се однесува до моето решение, самите тетовци покажаа дека ме чекаат многу работни места во Тетово кои се отворени и кои мора да продолжат“. рече меѓу другото Касами.