Каселакис: Мицотакис да оди кај Мицкоски и нека направат подобар договор

Лидерот на Сириза, Стефанос Каселакис, му порача на премиерот Кирјакос Мицотакис дека наместо да го инструментализира Договорот од Преспа и да вели дека е тоа штетен договор, да „оди кај ВМРО, сестринска партија во Европската народна партија, и да договорат корисен договор“.

Претседателот на опозициска СИРИЗА во гостување на грчката државна телевизија ЕРТ рече дека актуелната Влада и премиерот Мицотакис во 2019 година „го инструментализираа прашањето, го поделија народот и го извадија на улица“.
-И оттогаш, не само што не направи ништо за да ги ратификува позитивните аспекти на овој договор, туку наместо тоа, доаѓа и ни вели: Тоа е штетен договор, но јас го почитувам. Ако е штетен договорот, нека оди кај ВМРО, соседна партија во Европската народна партија, нека оди и нека дооворат корисен договор – рече Каселакис.

Во спротивно, порача тој, владата нека признае дека го инструментализира договорот и дека уште еднаш го лаже грчкиот народ.