Неколку лица се водат како исчезнати во поплавите што го погодија југот на Германија, а меѓу нив е и 22-годишен пожарникар во градот Офинген во сојузната покраина Баден-Виртемберг, кој е осомничен дека се давел.
Досега, како што беше најавено вчера, најмалку пет лица загинаа во поплавите, а германската метеоролошка служба (DWD) објави дека денеска и утре се очекуваат нови врнежи и невреме во Баварија, додека пообилни врнежи најверојатно ќе го зафатат само источниот дел на Алпите, пренесува Tageschau.
Нивото на водата постепено опаѓа во некои делови на јужна Германија, но ситуацијата е сè уште сериозна, особено во Баварија покрај Дунав каде нивото на водата е сè уште високо .
Во градовите Пасау и Регенсбург, нивото на предупредување се уште е на највисоко, четврто ниво, објави Информативната служба за поплави (ХНД). Тагешау додава дека поради повеќе пријави за исчезнати лица, се стравува дека ќе има повеќе жртви во поплавите.
#Hochwasser in #Bayern #Regensburg pic.twitter.com/vj0MzFBJOO
— Der Rattenfänger (@Rattenfangernet) June 5, 2024
32-годишна жена е пронајдена по 52 часа дехидрирана со помош на дронови во вторникот на дрво во шумата во Зилбервалд, каде што се искачила во неделата кога нивото на водата почнало да расте .
Премиерот на Баварија Маркус Седер најави дека сојузната држава ќе додели најмалку 100 милиони евра помош за домаќинствата, стопанствениците, самовработените, земјоделците и шумарите погодени од поплавите.
5 dead and thousands evacuated. Burgau and Offingen, in German #Bavaria virtually submerged by off the scale #flooding. Huge energy in the system. This is the new #climate of #droughts, #heatwaves/floods. All regions are vulnerable. There’s nowhere to hide from what’s unfolding. pic.twitter.com/mUPhEScFKx
— Peter Dynes (@PGDynes) June 4, 2024
Обилните врнежи во саботата предизвикаа поплави во јужните германски покраини Баварија и Баден-Виртемберг.