Катаклизма во Чешка! Невиден феномен ја потресе земјата: Летаа камења (ВИДЕО)

Силно невреме ја зафати Чешка и со себе донесе не толку често виден феномен за овие простори – торнадо.

Во саботата по 17 часот е забележан вител во Валтирово, кај Усти над Лабем, а оваа информација ја потврди и чешкиот хидрометеоролошки завод.

Како што истакнаа, торнадото било со помал интензитет, но според очевидците за кратко време од земја подигнало камења и песок.

Според граѓаните тоа не траело долго и никој не бил повреден.

Невидена трагедија се случи летото 2021 година во Цека, кога во Моравија се формираше торнадо и однесе шест животи.