– Министерот за труд на Катар, Али бин Самик ал-Мари денеска е избран за претседавач на годишната конференција на Агенцијата за труд на Обединетите нации (ИЛО).
Ел Мари беше критикуван од светските медиуми пред и за време на Светското првенство во Катар поради третманот кон мигрантите кои работеа на изградбата на стадионот, при што некои загинаа.
На предлог на азиските и пацифичките земји, тој ќе ја води двонеделната конференција на Меѓународната агенција за труд во Женева.