Катар: Хамас потврди дека ги добил лековите наменет за заложниците во Газа

– Хамас потврди дека ги добил лековите и дека почнал да ги доставува до заложниците во Газа, соопшти денеска катарското Министерство за надворешни работи.

Катар и Франција посредуваа во договорот меѓу Израел и Хамас во јануари за итна испорака на медицински материјали за заложниците кои ги држи Хамас во Газа.

За возврат треба да се достави хуманитарна и медицинска помош до цивилите во таа палестинска енклава.

– Катар ги доби овие потврди како посредник во договорот кој вклучува испорака на лекови и испорака на хуманитарна помош за цивилите во Појасот Газа, особено во најзагрозените и најоштетените области, во замена за испорака на лекови кои се неопходни за заложниците во Газа, изјави портпаролот на катарското Министерство, Маџет Ал Ансари.