Меѓународната агенција за атомска енергија е со зголемена загриженост поради ескалацијата на конфликтот меѓу Хамас и Израел, соопшти заменик-шефот на агенцијата, Михаил Чудаков. Тој посочи дека евентуален удар во нуклеарен објект може да има последици слични на експлозија на „валкана бомба“.
„Ништо добро нема да се случи ако нуклеарните капацитети бидат цел на проектили. Постои голема опасност од ‘валкана бомба’, доволно е проектилот да падне врз складиштето на потрошеното нуклеарно гориво“, предупреди Михаил Чудаков.
Во саботата, военото крило на палестинското движење Хамас ја објави операцијата „Поплава Ел Акса“ против Израел. Тогаш израелската Армија го објави започнувањето на операцијата „Железни мечеви“ против Хамас во Појасот Газа.
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, во обраќањето до нацијата кажа дека земјата е во воена состојба и додаде дека наредил да се мобилизираат резервите. Израелската Армија ги расчистува населените места.
Да потсетиме дека палестинско-израелскиот конфликт, заснован на територијалните интереси на страните, а со децении е фокусна точка во регионот.