Секоја година летото носи многу новости за цените во угостителските објекти на хрватското приморје, а овој пат вниманието го привлече еден ресторан со интересни артикли кои се најдоа на ценовникот.
Имено, како што пренесува „Дубровачки“, во кафеана во едно гратче на Пељешац имало табла со наведени цени за одредени „услуги“. „Нема брзо да одам“ е првата ставка на ценовникот, а според знакот на таблата чини 5 евра.
На списокот имаше и други интересни ставки како „Пушам и заминувам“ што е нешто поскапо и чини 7 евра. „Може ли да добијам чаша вода“ чини 5 евра, а прашањата за насока чинат 6 евра.
Заедно со сето ова, има и хумористична нота дека плаќањето се врши исклучиво во локална валута, односно „евро = насмевка“.
Со оглед на тоа дека сезоната на годишни одмори моментално е на врвот, секојдневно се слушаат вести од соседна Хрватска поврзани со туристите, условите на плажите, цените.
Најголемо внимание привлекуваа публикациите за астрономските цени на храната и пијалоците во рестораните, а неодамна лавина реакции предизвика и ценовникот во еден од становите на приморјето.
Во ценовникот, меѓу другото, стои дека гостите мора да платат 150 евра за вклучување клима без знаење на сопственикот, 100 евра за изгубен клуч, 15 евра за уништена метла и 500 евра за уништени врати и багажници.