Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, со политички коментар за внесувањето на Бугарите во највисокиот законодавен акт.
„За граѓаните да разберат, треба да знаеме друго. Да се нагласи дека Македонија е држава на македонскиот народ и на сите останати народи кои се наведени во Уставот. Лошо би било кога Северна Македонија е држава на македонскиот или на бугарскиот народ, тогаш да. Но, ние кога имаме во самиот Устав дека ова е држава на Албанци, Срби, Власи, Бошњаци и другите, што губат граѓаните ако биде внесен и бугарскиот народ? Можеби поради тоа што односите меѓу двете земји се такви, но лично мое мислење е да не се блокира државата, ниту да им се попречува на младите и на другите граѓани. Што се губи тука? Во овој момент нема ништо спорно ниту ништо противуставно да може да се попречи измената на Уставот“, изјави Кацарска во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ 21.