Медиумите во Италија веќе еден ден по смртта на Силвио Берлускони пишуваат кој ќе го наследи богатството на италијанскиот политичар.
Според ,,Италијанската Република”, наследството треба да се подели меѓу неговите деца од првиот брак Марина и Пјер Силвио и три од вториот брак, Барбара, Елеонора и Луиџи.
Првиот состанок на кој ќе се разговара за сукцесијата е закажан за крајот на јуни, кога Фининвест, италијанскиот холдинг основан и во сопственост на Берлускони, ќе назначи нов одбор на директори кој ќе остане на функцијата и следната година.
– Состанокот на ,,Фининвест” ќе биде прв по смртта на Берлускони, кој никогаш не се откажа од апсолутното мнозинство во сопственост. Неговите деца Марина и Пјер Силвио поседуваат по 7,65 отсто од компанијата. Останатите три деца од бракот со Вероника делат 21,42 отсто од акциите на семејната компанија Х14 која е задолжена за инвестиции – пишува Република.
Ако акциите едноставно се поделат меѓу петте деца, како што наведуваат италијанските медиуми, тројцата од бракот со Вероника би имале апсолутно мнозинство во капиталот од 58 отсто. Така, Марина и Пјер Силвио би имале малцински удел во сопственоста.
Берлускони претходно ја назначи Марина да го води ,,Фининвест”, а Пјер Силвио на челната позиција во ,,Медиасет”, но италијанскиот политичар никогаш јавно не проговорил за распределбата на акциите во компаниите.
– Тие работи му ги довери на адвокатот Микел Карпинели, кој ќе го прочита тестаментот – пишува италијанскиот весник.
Холдингот ,,Фининвест” е во центарот на корпоративната мрежа која има значителен удел во три компании, и тоа 53 отсто во издавачката куќа ,,Мондадори”, 48 отсто во телевизиските станици ,,Мфе” и 30 отсто во компанијата ,,Банка Медиоланум”.
,,Фининвест” има и 100 отсто удел во фудбалскиот клуб Монца, 6,8 отсто во дигиталниот сервис Солдо и два отсто во Сатиспеј. Сепак, голем дел од имотот на Берлускони не припаѓа на ,,Фининвест”.
Берлускони освен од овој холдинг поседувал и голем број компании за недвижности, а тоа особено се однесува на Идра, каде се наоѓаат некои од најпознатите семејни куќи.
– Накитот на Идра е вклучен во буџетот од 426 милиони евра. Целиот имот што Берлускони им го оставил на своите наследници, а се однесува на недвижен имот, се проценува на 3,7 милијарди евра – наведува Република.
RAI News наведува дека вкупната актива на Берлускони во 2022 година се проценува на 6,3 милијарди евра.