На автопатот Куманово – Скопје, во близина на селото Романовце утринава во 04:30 часот полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки во Одделот за гранични работи и миграции при Бирото за јавна безбедност го лишиле од слобода Ф.Т.(56) од Турција, со живеалиште во Скопје.
Како што соопшти МВР, при контрола во автобус „мерцедес“ со турски национални ознаки, кој го управувал, биле пронајдени и одземени 81 кутија таблети „ксарелто“, повеќе штеки цигари, медицинско помагало, повеќе комплети брендирана спортска облека и 10.000 казино картички за кои не поседувал документација.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава