Без разлика на сите наши други новогодишни одлуки, како и нашите професионални цели, ние не можеме да постигнеме ниту една од нив без квалитетен сон.
,,Секогаш го споредувам спиењето со темелите на куќата, а не само со ѕидот. Нашето физичко и ментално здравје, перформансите и способноста да се справиме со стресот зависат од сонот”, објаснува за Independent д-р. Кет Ледерл, специјалист за спиење и деноноќен ритам. „Можете да ја имате најдобрата диета на светот, но ако квалитетот на вашиот сон е слаб, вашето тело ќе има потешкотии правилно да ја искористи храната“.
Како да се подобри сонот?
Секој има личен прозорец за спиење, или оптимално време и времетраење на спиењето. Најдете што работи за вас и прилагодете го вашето темпо. Совршенството не постои, особено кога станува збор за спиење. Нормално е да се будите во текот на ноќта, а понекогаш и осум часа непрекинат сон не е возможен.
Д-р Ледерл советува да се фокусирате на прилагодувањата кои се во ваша контрола: “Размислете дали легнувате премногу рано или предоцна. Дали вечерите ги поминувате гледајќи ТВ емисии или социјални мрежи? Преоптоварен ум, стрес или работни обврски исто така може да играат улога.”
Квалитетниот сон не зависи само од вашата вечерна рутина.
„Подготовката за спиење започнува веднаш штом ќе се разбудите“, вели Ледерле.
Исхраната, кофеинот, изложеноста на светлина и нивото на стрес во текот на денот може да влијаат на вашиот ноќен одмор.
Вечерната релаксација и малите дневни паузи им помагаат на умот и телото да разберат дека одморот е дозволен, без постојано решавање на проблемите.
„Луѓето се биолошки организми, а не машини или компјутери каде што можете да внесете нова програма и да очекувате совршени резултати“, вели Ледерл. Преземете мали чекори затоа што полесно се усвојуваат и одржуваат отколку големи промени.
Малку по малку, со менување на лошите навики, можеме да го подобриме сонот и да го подобриме менталното и физичкото здравје.