Поминаа три месеци откако Кевин Костнер се разведе од Кристин Баумгартнен, со која беше во брак речиси 19 години. Пред неколку недели се шпекулираше дека е во врска со актерката Рис Витерспун, што нејзиниот портпарол го демантираше, а сега сè поинтензивни се шпекулациите дека позната пејачка го оавоила. Таква приказна започнаа сликите од Карибите , а еве ја жената покрај која славниот актер изгледа многу среќно.
Кевин Костнер (68) неодамна беше виден на Карибите со пејачката Жил Килчер, која е 19 години помлада од него. Тие пред неколку дена ја посетија егзотичната дестинација поради хуманитарната акција на организацијата Inspiring Children Foundation која таа ја основа. Актерот беше гостин на настанот.
– Дефинитивно нешто се случуваше. Флертуваа, а кога беа заедно како и двајцата да блескаа. Се обидувале да бидат дискретни, но сите што ги виделе заедно забележале дека има нешто таму, велат изворите.
Жил на социјалните мрежи го спомна Кевин Костнер, а со оваа холивудска ѕвезда помина една недела на Карибите.
– Неверојатно време, а јас го користам за опуштање, одмор и играње со син ми! Кевин Костнер беше доволно љубезен да им биде ментор на нашите деца оваа година – напиша таа.
Костнер неодамна се разведе а актерот има шест деца од два брака. Пејачката со кој сега е поврзан, се разведе од Тај Мареј во 2014 година. Упатените додадоа дека е многу пребирлива кога се во прашање романтичните партнери и додадоа: „Таа сака добар маж, а Кевин одговара на нејзините барања“.