Пејачката Кети Пери (40) наводно жали за одредени аспекти на мисијата Blue Origin која го привлече светското внимание овој месец.
Поп-ѕвездата се приклучи на екипажот за лансирањето на 31-вата мисија на Њу Шепард на 14 април од Launch Site One во Западен Тексас.
Покрај Пери, во тимот беа и поранешната научничка на НАСА, Ајша Боу, продуцентката на документарни филмови Керијан Флин, активистката за граѓански права Аманда Нгујен, новинарката и водителката на CBS Mornings, Гејл Кинг, и новинарката и авторка Лорен Санчез, која исто така е свршеница на Blue Origin и основачот на Amazon, Џеф Безос.
Мисијата одбележа историски момент – сите шест членови летаа во суборбитален брод и лебдеа во капсулата неколку минути, со што станаа првата женска екипа во вселената по Валентина Терешкова во 1963 година.
Меѓутоа, мисијата предизвика низа реакции и дискусии, особено на Интернет, каде што постои теорија на заговор дека се е исценето.
Патувањето траело вкупно 11 минути, од кои само четири минути биле поминати во вселената.
Иако историскиот лет беше поздравен како голем чекор, тој не помина без контроверзии, а Кети Пери наводно сега делумно жали што учествувала.
Извор близок до пејачката изјави за Дејли Мејл: „Кејти не жали што отиде во вселената – тоа и го промени животот. Но, жали што сето тоа се покажа како јавен спектакл“.
Неколку познати личности, исто така, ја критикуваа мисијата, меѓу кои и актерката Оливија Ман, ѕвезда на „Нова девојка“.
Појавувајќи се на „Тудеј“ со Џен и пријателите претходно овој месец, Мун ја доведе во прашање целта на мисијата: „Знам дека ова можеби не е популарно мислење, но има многу поважни работи во светот денес. Можеби звучи арогантно, но мислам дека одењето во вселената е огромен трошок, кога многу луѓе не можат да си дозволат ниту основни работи како јајца.”