Кети Пери остави еден обожавател без зборови среде концертот со неочекувана забелешка.
На нејзината светска турнеја „Lifetimes“, која ќе вклучува 84 концерти, таа беше во одлично расположение, а за време на настапот во Невада, реши да се пошегува на средина од песната.
In my homewrecker era @katyperry 😤 https://t.co/WowsaAFHS3 pic.twitter.com/74WnszK3Aw
— kyle (@SomeonesNewMuse) May 19, 2025
За време на изведбата на синглот „I’m His, He’s Mine“ од 2024 година, Кети отиде до работ на сцената во трико и мрежести чорапи и застана. Во тој момент, таа го виде обожавателот Кајл како пишува на својот мобилен телефон и му се обрати директно со јасна порака.
„Знам зошто си тука. Слушај, ако продолжиш да му пишуваш пораки на мојот сопруг… го правиш ова со месеци, откако настапувам тука. Не дојде тука поради мене. Ако продолжиш да му пишуваш пораки на мојот сопруг, ќе те избркаме. Снајди си живот“, рече таа.
Потоа си поигра со насловот на нејзината песна и рече: „Кајли не те сака. Јас сум негова жена. Јас сум негова, тој е мој. Бегај оттука, сериозно.“
Кајл ја сподели снимката на X, а подоцна објасни дека сè започнало затоа што сакал Кети да отпее една од неговите стари песни што ги обожава, поради што се обратил до нејзиниот сопруг Орландо за помош.
Публиката беше воодушевена, а откако Кајл го сподели клипот, неговите следбеници напишаа: „Кајл, таа не те поштеди, плачам од смеа“, „Мислев дека е сериозна и ми беше жал за тебе“, „Луѓето не сфаќаат дека сето тоа е дел од настапот“.
Да потсетиме, Кети Пери и Орландо Блум се запознаа во 2016 година на забава по доделувањето на Златните глобуси. Тие накратко раскинаа во 2017 година, а една година подоцна повторно се здружија и се свршија на Денот на вљубените 2019 година. Во август 2020 година, тие ја добија својата ќерка, Дејзи Дав.