Филмскиот фестивал во Кан , на радост на сите љубители на филмот, официјално започна. Сепак, овој настан собира многу поширока публика, меѓу која задолжителни се познавачите на модата.
Црвениот тепих е во фокусот, а секоја креација од тепихот во Кан станува модна тема во следните неколку дена. Актерката Кетрин Зета Џонс стана тема на разговор.
Во тоалетот, бојата на страста и љубовта, познатата актерка покажа како се владее со црвениот тепих.
Фустан со истакнато деколте е избор на холивудска убавица, а огнената боја на тоалетот е придружена со бојата на накитот. Брановидна коса ја направи да изгледа подготвено и достојно за свеченостите во Кан.
И покрај сите погледи кои беа на неа, изгледа дека особено и се допадна изгледот на нејзиниот сопруг Мајкл Даглас .
Познатиот пар размени нежности на уште попознатиот тепих и покажа дека малку црвена страст и доли погледи е формулата на долгорочен брак.
Дел од семејната среќа и пренесоа на јавноста. Со нив во Кан е и нивната 20-годишна ќерка Керис Зета Даглас.