Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се повеќе покажуваат наклонетост еден кон друг, а нивните последни гестови не останаа незабележани.
По долга пауза, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон им се вратија на своите кралски обврски, а нивната последна посета на Велс донесе и неочекуван приказ на нежност во јавноста. Некогаш познати по резервираното однесување, принцот и принцезата од Велс се повеќе покажуваат наклонетост еден кон друг, а нивните последни гестови не останаа незабележани.
Од смртта на кралицата Елизабета во септември 2022 година до предизвикувачката 2024 година,
кога Кејт дозна дека има рак , кралското семејство помина низ големи промени. Откако на 22 март 2024 година објави дека се бори со болеста, Кејт и Вилијам станаа многу поблиски во јавноста.
Љубовните моменти на Вилијам и Кејт
Нивната наклонетост се пренесе и на нивните работни обврски. За време на посетата на Понтиприд, Велс, пред Денот на Свети Давид, Вилијам и Кејт покажаа невидена интимност, држејќи се за рака додека шетаа низ железничката станица.
Експертот за говор на телото Џуди Џејмс за британските медиуми изјави дека парот сега отворено покажува наклонетост и флертува еден со друг.
– Нивните допири и погледи не се само израз на љубов, туку и на взаемна привлечност. „Нивната блискост потсетува на меден месец, а гестовите на нежност станаа почести“, објасни Џејмс, пишува Cosmopolitan .
Thank you, Pontypridd! 👋🏴
— The Prince and Princess of Wales (@KensingtonRoyal) February 26, 2025
Diolch, Pontypridd! 👋🏴 pic.twitter.com/0eAEePs48w
– Кога ги гледате, забележувате како често несвесно се наведнуваат еден кон друг, што е класичен знак на блискост и меѓусебна доверба. „Исто така, Кејт често го гледа Вилијам директно во очи додека тие разговараат, што покажува силна поврзаност и присуство во моментот“, истакна Џејмс.
– Она што е особено интересно е начинот на кој Вилијам реагира на Кејт, неговите микроизрази покажуваат вистинска топлина и восхит. Кога Кејт ќе му се насмевне или ќе му каже нешто, неговиот одговор често е благо наведнување кон неа или подигната веѓа во интерес, а сето тоа е знак на длабока поврзаност и меѓусебно почитување – заклучил Џејмс.
Заеднички моменти во Велс
Ова патување беше особено значајно бидејќи го претставуваше постепеното враќање на Кејт на кралските должности по битката со болеста . Во последниве недели, таа се појави на неколку настани, вклучително и емотивна посета на комеморацијата посветена на преживеаните од Холокаустот, како и посета на детскиот хоспис во близина на Кардиф, каде што помина време со децата и нивните семејства.
Нивната интимност и спонтани моменти за време на престојот во Велс само потврдуваат дека Вилијам и Кејт се посилни од кога било, и на приватен и на професионален план.