Кралскиот пар принцезата Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, по три години поминати во колибата во Аделаида, одлучија да се преселат. Според локалните медиуми, парот и нивните три деца се преселуваат во резиденцијата „Форест Лоџ“ во Виндзор, која има осум соби.
Кралскиот пар наводно ќе се пресели во „Форест Лоџ“, резиденција со осум спални соби, недалеку од нивниот сегашен дом со четири спални соби – Аделаида Котиџ.
Семејството Велс ќе се пресели подоцна оваа година – потврди портпаролот на Кенсингтонската палата.
Во „Форест Лоџ“ моментално се вршат мали реновирања пред преселбата на семејството, а трошоците за работите ги сносат самите принцот и принцезата од Велс.
Принцот Вилијам (43) добива околу 30 милиони долари годишно од Војводството Корнвол.
Се очекува велшкото семејство да остане во новиот дом дури и откако Вилијам ќе стане крал.
Преселбата доаѓа откако пред три години се преселија во Аделаида Котиџ, која се наоѓа на кралскиот имот во Виндзор. Во овој период, нивните три деца почнаа да одат во подготвителното училиште „Ламброк“, кое се наоѓа во блискиот Аскот.
Семејството Велс поседува и селска резиденција, Анмер Хол, во Норфолк, како и резиденција во Лондон – Кенсингтон Палас.