Киев: Следниот состанок за Украина ќе се одржи во Саудиска Арабија

Следниот состанок на кој ќе се разговара за имплементацијата на украинската мировна формула за ставање крај на руската војна ќе се одржи во Саудиска Арабија, соопшти украинското Претседателство.

Шефот на Кабинетот на претседателот Владимир Зеленски, Андриј Јермак, на Твитер објави дека состанокот ќе се одржи наскоро.

„Го подготвуваме следниот состанок на советниците за национална безбедност во врска со имплементацијата на (украинската) @ZelenskyyUa мировна формула, што наскоро ќе се одржи (во Саудиска Арабија). Тоа беше една од моите точки во говорот на Конгресот на локални и регионални власти“, рече тој.

Осврнувајќи се на првиот состанок на ниво на советници за национална безбедност на шефовите на држави што се одржа во јуни во главниот град на Данска, Копенхаген, Јермак истакна дека Киев „сега работи напорно за да вклучи колку што е можно повеќе партнери и од Западот и од Глобалниот Југ во преговорите во Саудиска Арабија“.

Состанокот на Твитер го спомена и Зеленски.

Сегашната состојба на подготовка „за сите можни сценарија“ беше главна тема на дискусија на состанокот на Конгресот на локални и регионални власти на Украина во Ивано-Франкивскиот Регион, рече тој.

Зеленски истакна дека имале „многу информативен разговор“ за време на состанокот, на кој присуствувале претставници на украинските „заедници, владини претставници, претставници на одбранбените и безбедносните сили и партнери на Украина што соработуваат со Конгресот“.

Разговарано е и за прашањето за итна обнова, вклучително и обновување на енергетскиот сектор, како и за „различни системи за обезбедување на животот во заедниците“, додаде тој.

ТРТ БАЛКАН