Кикиритките се познати како јаткасти плодови, но всушност се мешунки и припаѓаат на истото ботаничко семејство како гравот и грашокот.
Малечките кикиритки содржат многу витамини, здрави масти, влакна и антиоксиданти, што значително го продолжува животниот век заради тоа што сите овие состојки го зајакнуваат одбранбениот систем на телото.
Кикиритките се брза храна која не само што ви помага да го поминете времето, туку и обезбедува многу здрави хранливи материи. Тие се богати со витамини и минерали, па не може да се игнорираат придобивките од нивното консумирање.
За среќа, кикиритките може да се консумираат на различни начини и тешко е да ви здодее, дури и ако ги јадете секој ден. Според студиите, кикиритките треба редовно да се вклучуваат во вашата исхрана за да ве заштитат од кардиоваскуларни болести.
Научниците тврдат дека само 10 g кикиритки дневно можат да го намалат ризикот од болести на системот за дишење, дијабетес, рак и кардиоваскуларни проблеми.
Потенцирано е дека ефектот е подеднаков и кај мажи и кај жени.
Научниците од Харвард цели 22 години набљудувале 6.000 лица со дијабетес тип 2, кој го зголемува ризикот од срцев удар. Кога им предложиле секој ден да јадат кикиритки, ризикот бил намален за цели 44%.