Српската порно актерка, старлета и ријалити ѕвезда Невена Хот се омажи за словенечки милионер познат и по прекарот „Кралот на Целје“, а сега се појавија фотографии од јахтата на која се случила свечената церемонија, пишуваат балканските таблоиди.
Имено, 40-годишниот младоженец го носи прекарот „Кралот на Целје“, со оглед на тоа дека се збогатил од трговијата со злато, со која се занимава веќе дваесет години.
Бидејќи за младоженецот важи изреката дека е „полн како брод“, така и гламурозната забава била договорена на луксузен брод, кој со пловел по прекрасното Бледско езеро.
Дека не е штедено ниту малку, пишува Telegraf.rs интересен податокот односно дека за венчавката од Холандија пристигнале 1.200 лалиња, а храната на бродот ја подготвувале познати готвачи од Словенија, Индонезија и Србија.
Детал за кој специјално се пишува е накитот кој младоженецот и го подарил на српската порно-актерка, тој ја украсил како што се наведува со „минимум килограм злато“, а можете да ги погледнете фотографиите од раскошната свадба исклучиво овде.