Култниот филм „The Bodyguard“ во кој главната улога ја имаше Витни Хјустон наскоро ќе добие римејк, а продуцентите на овој филм наводно ја сакаат Ким Кардашијан во главната улога.Претходно се споменуваше дека главната улога би можела да и припадне на Тејлор Свифт, но сега повеќе се навестува на Ким Кардашијан во оваа улога.
„Сите претпоставуваа дека Тејлор ќе ја добие улогата што првично ја играше Витни Хјустон, бидејќи римејкот на „Телохранител“ го режира Сем Вренч, кој го режираше филмот за турнејата на Тејлор Ерас од 2023 година“, изјави извор за Дејли Меил.
Како што тврдат, Warner Bros е многу заинтересиран Ким да биде дел од овој филм.
“Тие веќе имаа неколку состаноци и сценариото е напишано за неа. Ким е една од најпознатите личности, таа би била совршена за филмот “The Bodyguard” и таа го знае тоа. Сите се многу возбудени”, рекол изворот.
Претходно беше објавено дека Тејлор Свифт била блиску до потпишување договор и наводно размислувала за нови песни кои ќе ги напише за филмот.
За потсетување, Витни Хјустон ја играше поп ѕвездата Рејчел Марон во филмот „The Bodyguard“ на која еден чуден обожавател почнува да и испраќа смртни закани. Откако во нејзината соблекувална експлодира бомба, таа решава да го ангажира Френк Фармер како телохранител. За време на филмот, Френк и Рејчел се зближуваат и еднаш решаваат да спијат заедно, но веќе следниот ден Френк ја раскинува нивната афера.
Овој филм заработи повеќе од 400 милиони долари, а саундтракот продаде повеќе од 50 милиони копии. Тој ја освои и наградата Греми за албум на годината во 1994. Песните „I Have Nothing“ и „Run to You“ исто така беа номинирани за Оскар, додека песната „I Will Always Love You“ стана една од најпознатите филмски песни на сите времиња.