Ким Кардашијан е згрозена од голотијата на Бјанка: Се грижи за своите деца, не знае како да им објасни (фото)

Ким Кардашијан, според извори, е длабоко вознемирена од однесувањето 
на нејзиниот поранешен сопруг Канје Вест и неговата нова сопруга Бјанка Сенсори за време на доделувањето на Греми наградите. 
Скандалот што го предизвикаа со појавувањето на црвениот тепих привлече големо внимание а Ким наводно се чувствува крајно разочарана од начинот на кој Канје ја разоткри својата сопруга пред милиони гледачи.

Реакција на скандалот

Ким, која беше во брак со Канје речиси десет години, не можеше да ја премолчи оваа случка. Извор близок до Ким вели дека таа била „шокирана и вознемирена“ од неговото однесување, особено затоа што Канје наводно и наредил на Бјанка да се однесува на начин што Ким го смета за понижувачки.

– Ким е бесна затоа што Канје стоел целосно облечен, додека светот ја гледал неговата сопруга речиси гола. Го видела Канје како ужива во тоа моментално чувство на моќ – изјавил извор за „The US Sun“.

Грижа за децата

Ким е особено загрижена за влијанието што ова однесување може да го има врз нивните деца.

– Ова е лош пример кој Канје им го поставува – забележал изворот. Ким е особено загрижена бидејќи нивната ќерка Норт го обожава својот татко, а сега има дилема како да ја објасни оваа ситуација. Ким е исто така загрижена дека ваквото однесување може да влијае на нејзиниот син Сејнт и се прашува што ќе мислат неговите пријатели.

Инцидент на црвениот тепих

За потсетување, Канје и Бјанка ги шокираа сите присутни на црвениот тепих, бидејќи Бјанка носеше проѕирен фустан низ кој јасно се гледаа нејзините голи гради и интимните делови од телото. Иако се пишува дека биле исфрлени од доделувањето на наградите, други извори тврдат дека решиле сами да го напуштат настанот.

Канје продолжи да се фали по скандалот, изјавувајќи дека неговата сопруга во моментов е најпребаруваната личност на интернет, тврдејќи дека тие „ги надминале Греми“.