Во трејлерот за новата сезона на шоуто „The Kardashians“, Ким Кардашијан зборуваше за својот љубовен живот и навести дека повеќе не е сингл.
Позитивно расположена и најава за новата сезона, Ким изјави: ,,Порано велев дека сакам да бидам сингл две години и сето тоа звучеше одлично. Имав секаква намера да бидам сингл. Сепак, сега можам да кажам дека целосно ве излажав. Дека не сум во врска, дека не сакам љубов и внимание? Мислам дека не ме познавте”.
Ким изјавила и дека нејзините деца имаат свое мислење за нејзините романтични врски. Таа, исто така, откри дека нејзините деца во неколку наврати се обиделе да ја наместат со потенцијални нови партнери.
“Тие се многу конкретни. Прават списоци со кого треба да бидам. Сеинт сака да бидам со кој било кошаркар или фудбалер. Додека другиот сака да биде со стримери”, рекла Кардашијан.
Ким Кардашијан е позната по турбулентната љубовна историја. Имено, таа на 19 години побегнала од дома и се омажила за продуцентот Дејмон Томас од кој се развела по три години брак.
Таа се вери со НБА играчот Крис Хемфрис во мај 2011 година, но нивниот брак траеше само 72 дена. Таа се омажи за Канје Вест во 2011 година, а нивниот развод се случи 11 години подоцна.