Ким Кардашијан проговори за здравствените проблеми: „Мислев дека моето тело се распаѓа“

Ким Кардашијан отворено проговори за „хроничната болка“ со која се борела со години, а која се појавила додека се опоравувала од повреда на рамото.

„Многу сум возбудена што ќе го споделам моето искуство со матичните клетки. Пред две години го повредив рамото додека кревав тегови, што ме остави во исцрпувачка болка“, напиша Ким на Инстаграм .

Таа истакна дека пробала сè за да ја ублажи болката, сè додека не го открила третманот со матични клетки. Откако го започнала третманот – кој вклучува употреба на матични клетки за поправка или замена на оштетеното ткиво и органи – Ким веднаш видела резултати и се вратил целосниот опсег на движење.

„Моето рамо е сосема нормално оттогаш“, додаде таа, заблагодарувајќи му се на докторот кој ѝ помогнал.

Таа неодамна се врати кај истиот лекар поради хронични болки во грбот што ги има со години.

„Третманот со матични клетки промени сè. Почувствував моментално олеснување и неподносливата болка конечно исчезна. Ако имате болки во грбот, не можам доволно да го препорачам овој третман – ми го промени животот кога мислев дека моето тело се распаѓа“, нагласи таа.

Во објавата, таа истакна дека знае оти третманот можеби не е достапен за секого и ги предупреди своите следбеници добро да го истражат третманот и да разговараат со лекарите доколку се одлучат за него.

Таа продолжи да тренира и покрај повредата

Ким претрпе повреда на рамото во 2023 година, но тоа не ја спречи да продолжи со редовните тренинзи во теретана. Веќе неколку недели по повредата, таа се врати на тренинзите.

Ким често споделува моменти од теретана на социјалните мрежи, но претходно беше критикувана поради интензивните рутини што ги следеше – особено откако ослабе околу 8 килограми за три недели.

Кардашијан ослабе за да може да го носи култниот фустан на Мерилин Монро на Мет Гала во 2022 година.

Нејзиниот личен тренер изјави дека Ким ги изгубила килограмите на здрав начин:

„Таа навистина се трудеше. Бев таму во текот на целиот процес. Не гладуваше. Следеше балансирана исхрана, понекогаш не јадеше многу, но редовно тренираше и даваше сѐ од себе“, рече тој.