Ким Кардашијан се изнервира затоа што обезбедувањето ѝ згази по фустанот: Видеото стана вирално

Американската ријалити ѕвезда Ким Кардашијан изгледаше вознемирена откако обезбедувањето ѝ згазна на фустанот додека таа присуствуваше на Мет Гала во Њујорк.

Ова се случило додека таа го напуштала хотелот „Риц-Карлтон“ со нејзината ќерка Норт Вест. Таа се сврте кон обезбедувачот, ја крена раката, а потоа продолжи да оди кон автомобилот.

Некои ја сметаат нејзината реакција за сосема нормална, додека други мислат дека не требало да се однесува вака.

„Требаше да обрне повеќе внимание каде оди“, „Таа речиси падна поради него“, „Ким треба да облече фустан во кој ќе може да се всели следниот пат за да не се случи оваа ситуација“, „Зошто дрскост?“, се некои од коментарите на социјалните мрежи.

Читателката на усните, Никола Хиклинг, за „Мирор“ изјавила дека Кардашијан му рекла на обезбедувањето: „Внимавај каде одиш“.

Мет Гала се одржа во Музејот на уметноста Метрополитен и собра многу други познати личности, меѓу кои Дуа Липа, Сидни Свини, Памела Андерсон и Сабрина Карпентер.

Поединечен билет за Мет Гала чини 75.000 долари, а почетната цена за резервација на маса за повеќе гости е 350.000 долари. Мет Гала собира средства за Метрополитен музејот на уметност. Оваа година беа собрани дури 31 милион долари, што е најголемата сума во 77-годишната историја на овој настан.