Ким Кардашијан е позната по својот посебен интерес за скапи дизајнерски парчиња, а дизајнерските чанти заземаат посебно место во нејзиниот гардеробер.
Меѓу луксузните брендови на кои им останала лојална, Хермес има посебно место со години. Сега привлече внимание со стара фотографија што ја сподели на својата приказна на Инстаграм.
На неа е прикажан дел од нејзината колекција чанти Хермес, а во описот напишала: „Како што сите знаеме, сериозна сум во врска со мојата колекција Хермес“.
Кардашијан додаде и дека ставила неколку чанти на продажба на Kardashiankloset.com. Нејзината фотографија привлече внимание и започна дискусии на социјалните мрежи.
Само некои од коментарите беа: „Количината пари кај таа личност би можела да го заврши светскиот глад“, „Какво апсолутно трошење пари“, „Сите се исти торби, само во различни големини и бои“, „Дефинитивно имаат финансиски проблеми“.
На фотографијата се прикажани различни чанти „Хермес Биркин“ во големини од 25 до 35 см во широк спектар на бои. Може да се видат и чанти „Кели“, како и персонализирани чанти „Биркин“ изработени по нарачка. Исто така, познато е дека Ким во својата колекција има и хималајска крокодилска Биркин, една од најскапите чанти во светот.
Чантите „Кели“ и „Биркин“ вообичаено чинат околу 7.500 и 9.000 евра на редовна продажба, додека нивната цена на секундарниот пазар може да надмине 20.000 евра. Моделите изработени од егзотична кожа, како што е крокодилската кожа, почнуваат од околу 20.000 евра за помали чанти, додека цените на ретките примероци можат да достигнат над два милиони евра.
Кога станува збор за хималајските чанти Биркин, нивните цени почнуваат од околу 100.000 евра за модели без дијаманти, додека на аукциите можат да надминат 600.000 евра за модели со дијаманти.