Ким Џонг-хјун, јужнокорејскиот министер за одбрана, денеска поднесе оставка поради вонредната состојба што вчера ја воведе претседателот Јун Сук-Јол, а потоа беше укината шест часа подоцна по противењето на парламентот и јавноста.
Би-Би-Си пренесува дека во соопштението на Министерството за одбрана во Сеул се наведува дека Ким му се извинил на населението за ширење конфузија и предизвикување стрес.
Се вели дека Ким изјавил дека ја презема целосната одговорност за она што се случи со воведувањето на воената состојба.
Тој ќе остане на функцијата додека претседателот Јун не ја прифати неговата оставка.
Британскиот медиумски сервис пренесува дека Џун сè уште не дала изјава за оставката на министерот за одбрана.