Ким Џонг Ун отвори луксузно одморалиште во Северна Кореја

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун отвори нов одморалиште Вонсан-Калма на источниот брег, опремено со водни тобогани, хотели и трговски центри, за да го промовира туризмот во земјата.

Одморалиштето може да прими до 20.000 посетители и се протега на 4 километри крајбрежна линија.

За време на турнејата, Ким беше придружуван од неговата ќерка Ким Ју Ае, а на церемонијата на отворањето присуствуваше и рускиот амбасадор, објави британскиот весник, повикувајќи се на севернокорејската државна новинска агенција КЦНА.

Според севернокорејските медиуми, овој проект е означен како еден од најголемите успеси на годината и клучен за развојот на туристичката култура во земјата.

Иако одморалиштето беше најавено уште во 2014 година, изградбата се забави поради пандемијата и санкциите, пренесув Еуроњус.рс.

Северна Кореја почна да ги ублажува ограничувањата во 2023 година, повторно прифаќајќи руски туристи, додека кинеските групни тури се уште се суспендирани.
Овој проект е првиот чекор во развојот на туризмот, а Ким изрази верување дека Вонсан-Калма ќе стане препознатливо светско туристичко одморалиште.