– Официјален Пекинг денеска одговори на коментарот на американската министерка за трговија Џина Раимондо дека Кина е „најголемата закана“, порачувајќи дека САД „треба да престанат да ја гледаат Кина како непријател“.
„Кина никогаш не се обложува против САД и нема намера да ги оспорува“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Ванг Венбин за новинарите во Пекинг.
Тој додаде дека „САД треба да имаат соодветно разбирање за Кина, да работат со Кина за да ги постигнат важните меѓусебни договори постигнати меѓу двајцата претседатели на нивната средба во Сан Франциско“.
САД треба „да престанат да ја гледаат Кина како непријател, да го поправат погрешниот потег на водење на големи конфликти во земјата под изговор на конкуренцијата и да избегнуваат да кажуваат едно, а да прават друго“, рече Ванг.
Кинескиот функционер потсети дека американскиот претседател Џо Бајден „еднаш истакна дека САД не се обидуваат да го запрат кинескиот економски развој или научниот и технолошкиот напредок“.
– Сепак, коментарите на американската министерка се спротивни на тоа. Длабоко вкоренетиот менталитет на Студената војна и хегемонистичкиот начин на размислување на нкои во САД веројатно нема да ја добијат довербата на Кина и остатокот од светот“, додаде Ванг.
Изјавата на Ванг дојде откако Раимондо ја нарече Кина „најголемата закана што некогаш сме ја имале“ и истакна дека Пекинг не е пријател на САД.