– Кина денес објави дека соработува со Соединетите Американски Држави (САД) за обновување на воените комуникации на највисоко ниво.
„Кинеските и американските одбранбени власти комуницираат и го координираат обновувањето на воените комуникации на високо ниво“, се наведува во соопштението на кинеското Министерство за одбрана што го пренесе весникот „Чајна дејли“ со седиште во Пекинг.
Пекинг го прекина воениот дијалог на највисоко ниво со Пентагон во август минатата година откако тогашната претседавачка со Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, ненајавено допатува во Тајван, кој Кина го смета за „отцепена провинција“.
Сигналот за продолжување на дијалогот на високо ниво доаѓа откако кинескиот претседател Си Ѓинпинг беше во официјална посета на САД на почетокот на месецот, каде што се сретна со американскиот претседател Џо Бајден.