Кинескиот министер за трговија Ванг Вентао изјави дека континуираното воведување царини од страна на Соединетите Американски Држави (САД) ќе му нанесе голема штета на светот и предупреди дека тоа може да доведе до хуманитарна криза.
Тој посочи дека контрамерките што ги воведе Кина се всушност заштита на нејзините легитимни права и интереси, како и одржување на правичност и правда во меѓународната заедница.
Тој посочи дека членките на Светската трговска организација треба да се обединат и да се спротивстават на унилатерализмот, протекционизмот и малтретирањето.
Ванг разговараше и со бразилскиот министер за развој, индустрија, надворешна трговија и услуги Џералд Алкмин, со кого размени мислења за прашања како што се зајакнувањето на економската и трговската соработка меѓу Кина и Бразил и одговорот на тарифите воведени од САД.