Кина ги лансираше првите сателити кои треба да се натпреваруваат со Starlink.
Кинеската државна компанија денеска ги лансираше првите сателити чија цел е да се натпреваруваат со глобалната интернет мрежа Starlink на американската фирма SpaceX, објавија денеска државните медиуми во Кина.
Лансирањето е важен чекор кон стратешката цел на Пекинг за создавање сопствена верзија на мрежата Старлинк, која има околу 5.500 сателити во вселената и ја користат потрошувачите, бизнисите и владините агенции, пренесува Ројтерс.
Агенцијата наведува дека конкуренцијата за освојување на пониската орбита на Земјата има и воени импликации поради потенцијалот да влијае на рамнотежата на силите на ривалските сили.
Лансирањето беше управувано од компанијата „Шангај Спејском сателит технологија“, а беше извршено во еден од главните кинески центри за лансирање сателити и ракети, Таијуан, во северната провинција Шанкси.
Проектот е дел од планот познат како G60 Starlink, кој започна минатата година со цел да се распоредат повеќе од 15.000 сателити во ниската орбита на Земјата.
Овие сателити работат на височини од 300 до 2.000 километри од површината на Земјата, а нивната предност е што се поевтини и овозможуваат побезбеден пренос од сателитите во повисока орбита.
Старлинк, во сопственост на милијардерот Илон Маск, има десетици илјади корисници во САД и планира да додаде уште десетици илјади сателити на својот систем, најголемиот од ваков вид во светот, според Ројтерс.