Кина се спротивставува на израелските планови за раселување од Газа, повторно повикува на прекин на огнот

Кина изјави дека се спротивставува на израелските напади врз Појасот Газа, вклучувајќи ги проширените операции во енклавата, како и плановите за раселување на жителите на Газа.

Кинескиот министер за надворешни работи Лин Џиан изјави дека се надева оти сите страни континуирано и ефикасно ќе го спроведуваат договорот за прекин на огнот.

„Кина е многу загрижена за моменталната ситуација меѓу Палестина и Израел“, рече Лин Џиан.

Од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври и последователната израелска инвазија на Газа, Пекинг повика на прекин на огнот и воспоставување независна палестинска држава, истовремено критикувајќи ја поддршката на САД за Израел.

Кина беше една од 40-те земји што минатата недела презентираа усни аргументи за време на јавните сослушувања во Меѓународниот суд на правдата за обврските на Израел во врска со дозволувањето на агенциите на ОН и другите хуманитарни групи да работат во Газа, објави Ал Џезира.

Ма Синмин, претставникот на Кина, за време на сослушувањето нагласи дека Израел има законска обврска да прифаќа хуманитарна помош од трети страни кога населението не е доволно снабдено.