Кина ја критикува Јапонија за „следењето одблиску“ на вежбата со Русија

По поморската вежба со Русија, Кина денес го критикуваше „следење одблиску“ од страна на Јапонија.

Пекинг соопшти дека кинеските и руските воени бродови заеднички одржувале поморска патрола во водите на Западниот и Северниот Пацифик.

„Бродовите строго го почитуваа меѓународното право и пловеа во отворени води“, соопшти кинеското Министерство за одбрана, повикувајќи го Токио „да престане со следењето одблиску“.

Следењето одблиску на Јапонија „е нарушувачко и потенцијално опасно дејство што може да доведе до несреќи“, соопшти Министерството, според пекиншкиот весник „Глобал тајмс“.

Кина вчера започна воена вежба во Бохајското Море, според Управата за поморска безбедност на провинцијата Лиаонинг.

Сепак, во посебно известување минатиот петок, истата администрација рече дека воените операции ќе се одвиваат во Бохајското Море од недела, а ќе заврши на 20 август.

„Дали двете објави се во корелација останува непознато, бидејќи Народноослободителната армија или другите власти допрва треба да објават повеќе детали“, се вели во соопштението на Министерството.

ТРТ БАЛКАН