Кинезите отвораат мост што ќе ги сруши сите светски рекорди: Ги помина најсложените тестови

По неколку тестови под најголемо оптоварување и други формалности, кинеските власти официјално ја одобрија дозволата за отворање на мостот, кој воедно ќе стане највисок во светот.

Мостот низ Големиот Кањон Хуиџанг во југозападниот регион Гуиџоу се издига неверојатни 625 метри над земјата, што го прави речиси двојно повисок од Ајфеловата кула.

Провинцијата Гуиџоу е планинска област во Кина, со сложен терен. Мостот се протега низ драматичниот Голем Кањон Хуаџијанг, познат и како „Земјиниот расед“.

Кина се залага за подобрување на инфраструктурата низ целата земја, особено во релативно неразвиените планински региони како Гуиџоу, кој се наоѓа 1.287 километри западно од градот Шенжен.

Мостот е долг речиси три километри, а неговата тежина ќе биде над 22.000 тони.

Пред три недели, инженерите спроведоа и тест за динамичко оптоварување користејќи конвој од 16 камиони, секој со тежина од 30 тони.

„Пробниот тест беше спроведен за да се проверат перформансите на мостот под тешки товари од возила и да се обезбеди неговата структурна стабилност пред да се отвори за јавноста. Тестот означува еден од последните чекори пред мостот да стане оперативен“, изјавија претходно изведувачите.