Кинеските научници експериментираа со мутиран вид на вирусот Ковид-19 кој се покажа дека е 100 отсто смртоносен кај „хуманизираните“ глувци – и покрај загриженоста дека таквото истражување може да предизвика нова пандемија.
Научниците во Пекинг – поврзани со кинеската Армија – клонираа вирус сличен на Ковид-19 и го користеа за да заразат глувци.
GX_P2V ги нападнал мозоците на глувците кои биле конструирани да рефлектираат сличен генетски состав со луѓето, заа кој се проценува дека така ќе реагира доколку луѓето се заразени, објави студијата од Пекинг минатата недела.
„Ова го нагласува ризикот од пренесување на GX_P2V на луѓето и обезбедува уникатен модел за разбирање на патогените механизми на вирусите поврзани со SARS-CoV-2“, тврдат авторите на студијата.
Смртоносниот вирус е мутирана верзија на GX/2017, сличен на вирусот Ковид-19 откриен кај малезиските панголини во 2017 година, три години пред пандемијата.
Сите глувци кои биле заразени со вирусот умреле во рок од само осум дена, а истражувачите истакнуваат дека ова е изненадувачки брза стапка на смртност.
Вирусот GX_P2V ги инфицирал белите дробови, коските, очите, душникот и мозокот на глувците и на крајот ја предизвикал нивната смрт. Во деновите пред смртта, глувците брзо изгубиле тежина, се стуткале и слабо се движеле. Можеби најстрашното од се, еден ден пред нивната смрт, нивните очи целосно побеле, пишува New York Post.
Ова е прва студија од ваков вид што објави 100 отсто стапка на смртност кај глувци заразени со вирус поврзан со Ковид-19 и далеку ги надминува резултатите од другите студии. Но, резултатите од оваа студија не покажуваат јасно како тоа би влијаело врз човечките суштества.
Експертот за епидемиологија на Институтот за генетика на Универзитетот во Лондон, Франсоа Балу, го критикуваше ова истражување и го нарече научно целосно бесмислено.
„Не гледам ништо што би можело да се научи од насилно инфицирање на необичен вид хуманизирани глувци со случаен вирус. Од друга страна, познато е дека таквите работи можат да тргнат наопаку“, напиша Франсоа Балу во објава на социјалната мрежа Х (Твитер).
„Нивото на биолошка безбедност и мерките на претпазливост користени во истражувањето не се прецизирани. Отсуството на оваа информација ја зголемува можноста дека дел или целото ова истражување, како она во Вухан во 2016-2019 година, кое веројатно ја предизвика пандемијата Ковид-19, е непромислено спроведено без минималната биосигурност и практики неопходни за истражување на потенцијалните причини за пандемијата“, истакнува Франсоа Балу.
Ричард Ебрајт, професор по хемија и хемиска биологија на Универзитетот „Ругер“, ја повтори загриженоста на Франсоа Балу со кратка објава:
„Се согласувам“.
Пензионираниот професор по медицина од Стенфорд, д-р. Генади Глински напиша дека – „ова лудило мора да се прекине пред да биде предоцна“.
Се чини дека оваа студија од 2024 година нема никаква врска со кинескиот Институт за вирологија во Вухан.