Кинеската Нова година вечерва дочекана во главниот град на Србија на шеталиштето Сава со неколкуминутен огномет и карневалска прошетка инспирирана од Годината на Змејот. Белграѓани заедно со голем број кинески граѓани околу 17 часот се собраа во Белград на вода и заедно кај Белградската кула одбројуваа до Нова година. Таа беше пречекана со величенствен огномет кој траеше неколку минути, а беше проследен со аплауз на стотици луѓе кои беа собрани.
Во огнометот и парадата на која продефилираше „змејот“ особено уживаа најмалите, кои потоа заиграа на звуците на песните.
Инаку, ова е шести пат како се слави кинеската Нова година во Белград .
Меѓу насобраните вечерва имаше и дипломати од Кина. Српската премиерка Ана Брнабиќ им се обрати на насобраните и рече дека и е драго што е дел од прославата на кинеската нова година.
Прославата трае 15 дена
Милиони луѓе ширум светот беа зафатени со подготовките за еден од најголемите фестивали во годината – Лунарната Нова Година, која започнува со првата млада месечина . Годинава е 10 февруари, а тој датум го означува почетокот на пролетниот фестивал.
Прославата трае 15 дена и завршува со фестивалот на фенерите.