Кина се соочува со зголемени тензии во регионот
Кинеската војска ќе спроведува рутински патроли со своите поморски и воздушни сили во Јужното Кинеско Море од среда до четврток, соопшти јужната команда на Народноослободителната војска.
Војниците на кинеската армија ќе бидат во постојана готовност во таа област и, како што велат, ќе го бранат националниот суверенитет, безбедноста и поморските права.
Патролите, исто така, имаат за цел да ги одвратат активностите што ја нарушуваат ситуацијата во Јужното Кинеско Море и создаваат „жешки точки “, соопшти јужната команда на кинеската војска на својот профил WeChat, пренесува Ројтерс. Неодамна, Кина се соочува со растечки тензии во регионот , особено со Филипините .
Пекинг, според весникот Кинески народ, ги обвини Филипините дека се потпираат на американската поддршка за континуирано да ја провоцира Кина, што Манила подоцна го негираше.