Зелката преку процесот на киселење (ферментација) создава исклучително активен кобаламин (витаминот Б12), кој инаку исклучиво може да се најде во намирниците од животинско потекло. Поради оваа причина киселата зелка е неизоставна намирница за вегетаријанците.
Повеќегодишните истражувања потврдуваат дека киселата зелка содржи големо количество на витамин Ц (во 100 г зелка има 50 мг витамин Ц). Покрај тоа, киселата зелка крие вистинско богатство од пиридоксин (витамин Б6), без кој инаку протеините воопшто не би биле искористени. Исто така киселата зелка е богат извор на нијацин (витамин Б3), кој е потребен за целосниот метаболизам, енергија и размена на материи во мозокот.
Познато е дека расолот е пијалак кој се препорачува како лек за тегоби поврзани со варењето, како и народен лек за смалување на отоците на зглобовите.
Меѓутоа, малку е познато дека сокот од кисела зелка не е богат само со витамин Ц, туку е и лековит пијалак со широк спектар на дејства. Со експерименти е докажано дека со сок од свежа зелка успешно се лечи чир на желудник и воспаление на дебелото црево. Помешан со сок од морков и репка, расолот е одличен пијалак за оние кои имаат недостаток на калциум. Исто така се препорачува да го пијат жени во средни години за да го спречат процесот на остеопороза.