Фудбалерот на Њукасл, Сандро Тонали е сослушан во Торино поради вмешаност во скандал со обложување.
Тонали пристигна во Торино од Англија, а неговиот менаџер Џузепе Рисо изјави дека италијанскиот репрезентативец е подготвен да признае дека е зависник од коцкање, пренесоа италијанските медиуми.
Рисо сугерираше дека Тонали е подготвен да склучи договор за признавање вина со судските и спортските власти. Во исто време, имаше две испитувања поврзани со обложување.
Фудбалерот на Јувентус, Николо Фаџоли склучи договор за вината и беше суспендиран на седум месеци и казнет со 12.500 евра.
Како дел од договорот за признавање вина, Фаџиоли мора да помине најмалку шест месеци третман за зависност од коцкање и да има најмалку 10 јавни настапи за да зборува за своето искуство.