Барби манијата го зафати светот, а актерката Маргот Роби, која ја игра познатата кукла во долгоочекуваниот филм, денес стана вистинска модна икона.
Сепак, во далечната 1996 година, познатата манекенка Клаудија Шифер објасни како всушност да се носи стилот на барби.
Таа неодамна објави фотографија на Инстаграм со нејзината колешка Синди Крафорд. И двете манекенки ја носат креацијата на модниот бренд „Шанел“ потпишана од Карл Лагерфелд за сезоната пролет/лето 1996 година и на тој начин ги потсетија фановите дека само една личност може да го истакне стилот на Барби.
Многубројните фанови беа воодушевени од фотографијата од минатото, а своето мислење го кажаа во коментарите.
Ти си нашата Барбика“, „Ја сакам Марго, но ти си прва и најдобра“, „Нејзиниот стилист само прогугла што облекла Клаудија“…