КЛЕКНА И ГО ИЗВАДИ ПРСТЕНОТ А ПОТОА ДОЖИВЕА БЛАМ НА ГОДИНАТА: Запросување кое цел стадион го гледа и НЕ ВЕРУВА (ВИДЕО)

Новата сезона во МЛБ започна, а еден фан на Лос Анџелес Доџерс стана вирален бидејќи неговиот предлог тргна на погрешен пат.

По дуелот помеѓу Лос Анџелес Доџерс и Аризона Дајмондбекс, никој не зборува за победа од 8-2 на домашната екипа, туку за неуспешен предлог на еден навивач .

Навивачот се упати кон теренот, а потоа се сврте кон трибините и клекна со прстен во раката и очигледно беше подготвен да запроси некој од трибините.

Сепак, тој не клекна долго бидејќи набрзо беше соборен од обезбедувањето, а потоа придружуван од дури петмина од нив го напуштија теренот.

„Ова изгледа како сцена од комедија на Адам Сендлер“, напиша еден корисник на социјалните мрежи, додека друг додаде:

„Што ако таа рече „не“ после ова?